Saville Assessment (Велика Британија) е една од водечките компании во областа на психометриски тестови и потенцијалната проценка на перформансите на вработените. Нашите водечки психометриски проценки во индустријата се иновативни и ги поставуваат пазарните стандарди за валидност и сигурност, обезбедувајќи точно и прецизно поврзување на вистинскиот талент со вистинските улоги.

Во оваа обука за сертификација ќе научите како да:

• како професионално да управувате со нашиот сет на тестови за компетенции;
• да ги толкувате резултатите добиени со проценка на различни компетенции;
• да го искористите потенцијалот на тестовите кои се најдобри предвидувачи за ефикасноста на работното место;
• да користите динамични извештаи за кандидатите;
• да обезбедите повратни информации за кандидатите и вработените во врска со нивните резултати од тестовите;
• да вршите проценка за широк опсег на работни улоги и активности;
• брзо и прецизно да го проценувате нивото на вештините релевантни за конкретната позиција;
• како да се подобри квалитетот на кандидатите од потесниот круг и да се одржи разновидна база на податоци од кандидати и вработени;
• да се акредитирате за 360˚ фидбек и да дизајнирате програма 360˚ што ќе дава најдобри резултати во пракса;
• да ги користите податоците за развој на вработените, за обука, развој на нови лидери и да давате детални повратни информации.

Тестовите за компетенции претставуваат сеопфатно портфолио на тестови што се користат за различни работни позиции.

Тие јасно ги мерат компетенциите во зависност од барањата на улогата. Портфолиото вклучува мерки на вербални (V), нумерички (N), дијаграмски (D), апстрактни (A), проверка на грешки (C), просторни (S) и механички (M) способности.

Врз основа на моделот Wave Performance Culture Framework, Performance 360˚ сеопфатно го проценува начинот на кој поединецот ги демонстрира карактеристиките неопходни за успех со добивање оценки од оние со кои соработува. Револуционерната функција за двојно известување оди подалеку од категориите за проценка и дозволува резултатите да се споредат со контролна група за да се добие поширока слика.

За кого е обуката?

Професионалци за човечки ресурси и луѓе вклучени во регрутирање, селекција, градење тим и кои постојано ги трансформираат начините на кои компанијата управува со талентите.

Можеме да ги сегментираме проценките на компетенциите во однос на контролната група или кандидатите и вработените. Погледнете го нашиот опсег подолу:
• Директори, менаџери и професионалци
• Дипломирани студенти и менаџери приправници
• Производствен, градежен, инженерски и научен кадар
• Стручен кадар во оперативни и технички улоги
• Оперативен персонал во производството, инженерството, градежништвото и транспортот
• Комерцијален персонал во продажба, маркетинг, развој на бизнис и финансиски услуги
• Персонал (за работа со клиенти) во кол центри, угостителство, рекреација, здравство и образование
• Административен кадар во канцелариите на приватниот и јавниот сектор

По обуката за тестови на компетенции ќе можете да:

• Спроведете анализа и да ги идентификувајте барањата за улоги и изберете соодветни алатки за нивна проценка
• Спроведете проценка на компетенциите и толкувајте ги резултатите на кандидатите и вработените
• Водете професионални сесии за тестирање
• Обезбедувате фер и етички процес на селекција
• Предвидите успех на работа и перформанси
• Давате повратни информации за кандидатите и вработените
• Користите динамично известување
• Интегрирате тестови за проценка на компетенциите и резултатите со ATS системите

Кои се придобивките од Ability Assessment?

• Голема варијабилност во полето на оценување што создава поатрактивно искуство за кандидатот и вработениот
• Намалено време, зголемена продуктивност кај приоритетните задачи
• Модерна содржина и дизајн
• Извештаи погодни за корисниците
• Дополнителни информации и индивидуалност при пополнување тестовите
• Комбинирани пакети за брзо оценување на различни способности, како и индивидуални тестови за подлабоко оценување на специфични вештини

По обуката Performance 360˚ ќе имате:

• Знаење за ефективно структурирање и обезбедување ефективни фидбек сесии
• Вештини за комбинирање на алатките од Performance 360˚ со резултатите од тестовите на личноста
• Вештини за администрирање на 360˚ програми и толкување резултати од Performance 360˚ Expert Report
• Познавање од најдобрите практики за користење на нашата алатка Performance 360˚ за истражување на перформансите и потенцијалот за поттикнување на личниот развој, обуки и ефикасност на лидерството
• Способност да се идентификуваат ситуации во кои употребата на Performance 360˚ е најефективна
• Пристап да ги користите двете алатки – Wave Performance 360˚ и Leadership Impact Expert 360˚, кои ќе ви овозможуваат прецизно да ги процените перформансите, ставот и потенцијалот на поединците на различни нивоа во вашата организација

Кои се придобивките од Performance 360˚?

• Брзо добивање на информации (10 минути) без да ги нарушува организациските рутини
• Висока валидност и структуриран фидбек за однесувањата кои најмногу ги предвидуваат перформансите и потенцијалот на работното место
• Benchmarking, односно, двојно известување кое ги евидентира вистинските резултати и споредува со надворешни податоци
• Квалитативни и квантитативни повратни информации
• Прилагодлив на различни рамки на организациски компетенции

Кои се придобивките од Performance 360˚?

Обуката ќе биде одржана и е сертифицирана од врвни тренери и консултанти на Saville Assessment (Willis Towers Watson Public Limited) во соработка со Atria Group International SEE и Сапиенциа Медичи.

Ќе учите од водечки експерти за психометриските тестови кои се користат во менаџерската и HR пракса.

Ќе бидете обучени да ги користите најпрестижните алатки во областа на деловната психологија применети при управување со таленти и перформанси.

Нашиот напреден пристап за оценување на вработените ќе ви помогне успешно да креирате стратешки план за вработување, развивање и градење таленти.

Ќе ги запознаете вашите силни страни, областите каде ви треба развој, како и вашите омилени стилови на работа преку лично искуство и персонализирани извештаи во рамките на Wave Personality and Ability Questionnaire

Ќе станете дел од избраниот круг на професионалци од областа на човечки ресурси кои ќе работат со нас во ексклузивни услови.

Обуката се состои од:

• Запознавање со различните компетенции што се проценуваат во тестовите, големиот број различни извештаи што можат да се генерираат, како и разбирање кои извештаи се соодветни за употреба во кои професионални околности. Обуката вклучува запознавање со два Performance 360˚ извештаи, обезбедување повратни информации и понатамошна практична примена на резултатите и согледувањата.
• Работилница – Учесниците поминуваат низ најважните елементи на психометриското тестирање и преку интерактивни вежби ги испробуваат сите алатки во обуката.

Научете како да ги поставувате вистинските прашања преку понапредна проценка!

Обуката за Competency-Based Interview

ќе се одржи на ——————————-, а ќе се одржи во просториите на Сапиенциа Медичи,

бул.3та македонска ударна бригада 43/1-5 во Скопје.