Идентификувајте ги клучните точки во развојот на таленти и усогласете ги талентите со деловните потреби.

Креирајте програми за развој со високи перформанси и висок потенцијал (HiPos).

Планирајте ја динамиката на тимот за да имате подобро разбирање на перформансите и нивното подобрување, истовремено подобрувајќи ги и меѓучовечките односи.

Самосвеста на вработените се зголемува со индивидуално, центрирано развојно планирање. Ова ги прави вработените поодговорни при постигнување на нивните цели.

Проценка на таленти
Вклучување
Тренинг
Развој на перформанси
Professional Styles Expert Report

Професионалните стилови се користат во селекција, развој, управување со таленти, планирање на наследници, програми за лидерство, тренинг и планирање на кариерата. Professional Styles Expert Report ги мери мотивите, талентите, посакуваната култура и потенцијалот за компетентност во динамичен онлајн прашалник од 12 страници готов за 40 минути, кој ги покажува клучните разлики помеѓу кандидатите во нивниот избор.

Focus Styles
Expert Report

Пократкиот прашалник Wave Focus Stiles обезбедува 80% валидност на прашалникот Wave Professional Styles. Се користи за селекција, регрутирање, развој, управување со таленти, планирање наследници и ефективност на тимот. Времето за пополнување на онлајн прашалникот е 13 минути.

Personal
Report

Обезбедува висококвалитетни и јасни повратни информации за кандидатите. Може да се користи како самостоен извештај или како feedback извештај до кандидат, телефонски или во живо. Времето за пополнување на онлајн прашалникот е 13 минути - Wave Focus Styles и 40 минути - Wave Professional Styles.

development
Report

Овој извештај дава увид во разликите помеѓу добиените проценки (потенцијали) и развојните планови на вработените. Тие се одличен извор на информации за секој кој работи на лични акциони планови. Извештаите се потпираат на повеќе од 1.200 практични развојни активности за промовирање на фокусирано развојно планирање. Времето за пополнување на онлајн прашалникот е 40 минути - Wave Professional Styles, 13 минути - Wave Focus Styles, 10 минути - Wave Performance 360°.

Performance 360° Expert Report

Овoј извештај дава индивидуална повратна информација за работата на вработените на најсеопфатен начин. Извештајот е дизајниран за употреба во личен развој, тренинг, развој на лидерство и давање конкретни повратни информации за перформансите на вработените. Оваа онлајн алатка за проценка им овозможува на релевантните поединци да ја проценат работата на колегите. Како поединецот се доживува себеси и како тоа се споредува со перцепцијата на другите луѓе е многу важно средство за добивање повратна информација за развојот на вработените. Времето за пополнување на онлајн прашалникот е 10 минути - Wave Performance 360°.

Wave Roles
Report

Овој извештај за работните позиции ги истакнува најпосакуваните и помалку посакуваните улоги на поединецот на работното место. Исто така, нѝ дава увид во тоа како ефективно да ги користиме работните улоги во работата со другите. Извештајот може да се користи за градење тим, зголемување на продуктивноста на работното место, развој на тимот, подигање на самосвеста на вработените и во активности за спојување и преземање (M&A). Времето за пополнување на онлајн прашалникот е 40 минути - Wave Professional Styles, 13 минути - Wave Focus Styles.

Wave Sales
Reports

Нашиот интегриран пакет на извештаи за продажба им овозможува на компаниите конзистентен, усогласен и ефикасен пристап за проценка на продажните компетенции за време на процесите како што се вработување, onboarding (прилагодување) и развој на вработени. Силните продавачи постигнуваат уште поголем финансиски раст за компаниите, наспроти оние кои имаат уште повисоки трошоци доколку не инвестираат во своите вработени. Видовите извештаи што можете да ги добиете се: Sales Expert Report, Sales Interview Guide, Sales Development Report, Sales Line Manager, Sales Environment Fit Report.

Onboarding
Report

Нашиот извештај Wave Onboarding може да се примени на сите позиции со цел позитивно да влијае на враќањето на инвестицијата кај нов вработен (ROI) со приспособен пристап. Извештајот се фокусира на четирите главни предности на новиот вработен. Тој дава корисни совети за тоа како да ги искористите и надградите неговите силни страни, како да ги примените во соработка со идните менаџери и компанијата и како да го искористите максимумот од комбинацијата на сите силни страни што ги има новиот вработен. Времето за пополнување на онлајн прашалникот е 13 минути Wave Focus Styles и 40 минути - Wave Professional Styles и Wave Focus Styles и 20 минути- Work Strengths.

Coaching
Report

Нашиот Coaching Report ги урива бариерите поврзани со традиционалната обука, донесувајќи им решенија на организациите кои можат да бидат on-site или on-line. Извештајот е достапен за сите без обука од областа на коучинг преку прашалниците за проценка на личноста Wave Focus Stiles и Wave Professional Stiles. Коучингот е клучен за активирање на искуството, поставување цели и инспирација на вработените да работат подобро. Овој коучинг-извештај го олеснува создавањето и ширењето на коучинг култура која е достапна за сите.

Resilient Agility
Report

Агилноста може да ви помогне да преживеете. Агилноста е особина која ви помага да бидете побрзи, пофлексибилни, попретприемнички ориентирани, а со тоа и да напредувате. Овој извештај може да ви помогне да идентификувате и развиете поединци кои имаат поголем потенцијал да бидат поефикасни во време на промени или стрес. Нашиот револуционерен модел се заснова на 10-годишно истражување и се фокусира на 4 клучни двигатели на флексибилноста и агилноста (Справување со промени, одржување меѓучовечки односи, овозможување на нови начини за работа, одржување на работната ефикасност) поддржани од 5 димензии на однесувањето.