Намалете го ризикот од лоши одлуки при изборот на кандидат. Идентификувајте ги двигателите на успехот за да се постават вистинските луѓе на вистинските позиции и да се подобри квалитетот на вработувањето.

MT

Донесувајте подобри одлуки при вработување со идентификување на мотивите (што сакаат да прават вработените), талентите (во што се добри) и културата (колку се вклопуваат во тековната култура и каде ќе напредуваат).

Идентификувајте што е важно за улогата и однесувањата кои најмногу ги предвидуваат перформансите и потенцијалот. При мерење и споредување на резултатите во процесот на одлучување, ќе имате правична и објективна проценка.

Дефинирање на барања
Ефективно интервјуирање
Потесна
листа
Фидбек за кандидатите
Professional Styles Expert Report

Се користат во селекција, развој, управување со таленти, планирање на наследници, програми за лидерство, тренинг и планирање на кариерата. Professional Styles Expert Report ги мери мотивите, талентите, посакуваната култура и потенцијалот за компетентност во овој динамичен онлајн прашалник од 12 страници од 40 минути, кој ги покажува клучните разлики помеѓу кандидатите во нивниот избор.

Focus Styles
Expert Report

Пократкиот прашалник Wave Focus Styles обезбедува 80% валидност на прашалникот Wave Professional Styles. Се користи за селекција, регрутирање, развој, управување со таленти, планирање наследници и ефективност на тимот. Времето за пополнување на онлајн прашалникот е 13 минути.

Line Manager
Report

Овој извештај го илустрира однесувањето на кандидатите, нивниот потенцијал и нивната претпочитана култура на вклопување. Совршен за поединци кои не се запознаени со психолошкото тестирање и кои се вклучени во процесот на донесување одлуки за регрутирање на менаџерски позиции. Времето за пополнување на онлајн прашалникот е 13 минути Wave Focus Styles и 40 минути - Wave Professional Styles.

Personal
Report

Обезбедува висококвалитетни и јасни повратни информации за кандидатите. Може да се користи како самостоен извештај или како фидбек извештај за кандидатот, телефонски или во живо. Времето за пополнување на онлајн прашалникот е 13 минути Wave Focus Styles и 40 минути – Wave Professional Styles.

Wave Interview Guide

Структурирајте ги интервјуата со извештај кој е лесен за употреба и им олеснува на регрутерите и менаџерите (user-friendly) да користат точни податоци за да ги испитаат критичните области и да ја проверат адекватноста на кандидатите. Wave Interview Guide обезбедува објективни интервјуа засновани на компетентност. Ова ја намалува можноста за пристрасност при интервјуата, а овој извештај може да се добие врз основа на три прашалници за личноста што кандидатите ги пополнуваат онлајн. Времето за пополнување на онлајн прашалникот е 13 минути Wave Focus Styles и 40 минути - Wave Professional Styles и Wave Focus Styles и 20 минути - Work Strengths.

Wave Sales
Report

Нашиот интегриран пакет на извештаи за продажба им овозможува на компаниите конзистентен и ефикасен пристап за проценка на продажните компетенции за време на процесите при вработување и развој на вработени. Ќе добиете моќни продавачи кои постигнуваат поголем финансиски раст за вас наспроти оние кои ќе имаат повисоки трошоци доколку не инвестираат во своите вработени. Видови извештаи што можете да ги добиете овде: Sales Expert Report, Sales Interview Guide, Sales Development Report, Sales Line Manager, Sales Environment Fit Report.

Job
Profiler

Ова онлајн алатка ви овозможува да ги одредите клучните показатели за успех (Drivers). Овој пребарувач на профили ги користи можностите понудени од Интернет за да собере различни информации за време на евалуацијата на „Wave“ моделот. Може да се користи во различни географски области, обезбедувајќи брзи, стандардизирани информации по економична цена. Времето за пополнување на онлајн прашалникот е 10 минути - Wave Job Profiler.

Onboarding
Report

Нашиот извештај Wave Onboarding може да се примени за сите позиции со цел позитивно да влијае на враќањето на инвестицијата кај нови вработени (ROI) со приспособен пристап. Извештајот се фокусира на четирите главни предности на новите вработени. Тој дава корисни совети за тоа како да ги искористите и надградите нивните силни страни, како да ги примените во соработка со идните менаџери и компанијата, и како да го искористите максимумот од комбинацијата на сите силни страни што ги има новиот вработен. Времето за пополнување на онлајн прашалникот е 13 минути Wave Focus Styles и 40 минути - Wave Professional Styles и Wave Focus Styles и 20 минути - Work Strengths.