Ви нудиме поинтелигентен пристап во проценката на таленти кој носи резултати, заштедувајќи ви време и пари

Нашите најсовремени психометриски проценки и анализи се водечки методи во деловната психологија, бидејќи воведуваат иновативни и динамични решенија за клиентите.
Нашите решенија за проценка на вработени поставуваат стандарди за валидност и сигурност. Тие гарантираат точна и прецизна корелација помеѓу вистинските таленти со нивните идни улоги и нивно поставување на вистинските позиции.

Ние сме партнери во развојот на вашата компанија

Заедно ќе го најдеме најефективниот начин за

АНГАЖИРАЊЕ ТАЛЕНТИ

Подобрете го квалитетот на вработувањето со избирање на вистински и адекватни луѓе за вистинските позиции.

РАЗВОЈ НА ТАЛЕНТИ

Развијте агилни и динамични вработени кои се подготвени да успеат.

МЕНАЏИРАЊЕ ТАЛЕНТИ

Препознајте го лидерскиот потенцијал и одете подалеку од компетенциите. Креирајте поширока слика за развојот и поврзете го лидерство со вашите организациски цели.

Нашата мисија е да ја подобриме проценката на талентите ширум светот

Им овозможуваме на организациите да препознаат потенцијал, да го подобрат знаењето и вештините на вработените и да постигнат извонредни резултати. Нашите Wave и Strengths прашалници за проценка на личноста се меѓу најпрепознатливите во заедницата за човечки ресурси, тие се стандард на пазарот за проценка на таленти, бидејќи успешно создаваат јасна слика за работата и ја заокружуваат врската помеѓу мотивацијата, талентот и компаниската култура.
Со претставници во повеќе од 80 земји, Saville Assessment го создава и го обликува начинот на кој организациите регрутираат, градат и водат таленти на глобално ниво.

Започнете да ја трансформирате вашата проценка на таленти со нашите водечки програми и обуки!

Оди на

Кои се нашите клиенти?

Ние ја заслуживме довербата на широк спектар на организации, вклучително и мултинационални корпорации, влади, професионални тела, образовни институции и здравствени фондови. Без оглед на секторот, проектот или клиентот, нашиот тим на експерти обезбедува дека нашите производи од светска класа се во согласност со врвните услуги и резултати.